Со свеченото откинување на првото јаболко во овошните насади во Ресен, денеска беше означен почетокот на бербата во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“.

На настанот присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој им посака успешна и бериќетна сезона на преспанските овоштари.

Министерот Серафимовски порача дека политиките ги насочува кон поголема предвидливост на производството, модернизација на овоштарските стопанства и подобро поврзување со домашните, регионалните и европските пазари.
МЗШВ
