Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција
Агровести

Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција

Објавено 25/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската банка ќе обезбеди кредитно финансирање во износ од 658,8 милиони евра за проект за трансформација на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција, со што вкупното финансирање за сите сектори во земјата годинава ќе надмине 7,9 милијарди евра, објави Анадолија.

Според Министерството за трезор и финансии, кредитната поддршка е добиена како резултат на напорите на Турција за обезбедување надворешно финансирање под поволни услови. Во тој контекст, проектот за трансформација на земјоделскиот и прехранбениот сектор во земјата беше одобрен од Одборот на извршни директори на Светската банка.

Со проектот ќе раководат турското Министерство за земјоделство и шумарство и надлежната Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој (ТКДК).

Во рамки на иницијативата се цели кон зајакнување на конкурентноста и интеграцијата на синџирите за создавање вредност во прехранбениот сектор во Турција, како и подобрување на продуктивноста, додадената вредност, растот и капацитетот за пристап до пазарот на земјоделските претпријатија и производителските организации, појаснува агенцијата.

Со овие средства, долгорочното и поволно надворешно финансирање што Светската банка го обезбедува за сите сектори во Турција во 2026 година ќе надмине 7,9 милијарди евра.

Во врска со ова, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек изјави дека соработката со Светската банка по прашања што ќе го зајакнат производствениот екосистем на Турција ќе продолжи.

— Со нашата економска програма, која дава приоритет на одржливиот раст и општествената благосостојба, напорите за обезбедување долгорочно и поволно надворешно финансирање во рамки на среднорочната програма продолжуваат со полна сила. Со овој заем, нашата поддршка за земјоделството и развојот на руралните средини ќе продолжи уште поактивно, изјави Шимшек.

МИА

Може да ви се допадне

Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп, поднесена кривична пријава
Ловечки испит денеска во МЗШВ
Хрватски Завод за статистика: За една година цената на обработливото земјоделско земјиште се зголеми за 758 евра
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Променливо облачно, со локален дожд
Таг:658 милиони евраземјоделскиотСветската банкаТурција
Претходен напис АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
Следен напис (ВИДЕО) Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?