Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството
Агровести

Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството

Објавено 25/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, учествуваа на конференцијата „Balkan Professional Agtech & Water Meet-Up“, која се одржа во Тирана.

Во своето обраќање, заменик-министерот Хоџа ги претстави приоритетите и предизвиците на земјоделството во Северна Македонија, нагласувајќи го значењето на модернизацијата на производството, дигитализацијата и примената на современи технологии.

„Иднината на земјоделството зависи од нашата способност да инвестираме во технологија, знаење и современи системи за наводнување. Регионалната соработка и размената на искуства се неопходни за поконкурентен и поодржлив земјоделски сектор“, истакна Хоџа.

Директорот Ромео Тренов се осврна на значењето на ефикасното и одржливо управување со водните ресурси, модернизацијата на системите за наводнување и потребата од конкретни решенија за подобро снабдување на земјоделските површини со вода. Тој активно учествуваше во стручните дискусии и средби со претставници на институциите, компаниите и експертите од секторот.

Заедничкото учество на Хоџа и Тренов на конференцијата ја потврдува посветеноста на Министерството и Управата за водостопанство кон зајакнување на регионалната соработка, воспоставување нови партнерства и примена на современи практики во земјоделството и управувањето со водите.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп, поднесена кривична пријава
Ловечки испит денеска во МЗШВ
Хрватски Завод за статистика: За една година цената на обработливото земјоделско земјиште се зголеми за 758 евра
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Променливо облачно, со локален дожд
Таг:водитеземјоделствотоТиранаТреновХоџа
Претходен напис Подготовка на почвата и правилна сеидба на стрните жита
Следен напис ЦУК: Еден пожар на отворено под контрола, 17 изгаснати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?