Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија ќе воведе данок на месото поради благосостојбата на животните и помош за фрамерите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија ќе воведе данок на месото поради благосостојбата на животните и помош за фрамерите?
АгровестиПазари

Германија ќе воведе данок на месото поради благосостојбата на животните и помош за фрамерите?

Објавено 30/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Sales women in butcher shop selling meat and sausages, close-up
Сподели
Ad imageAd image

Германија постигна напредок во постапката за воведување данок на месото поради благосостојбата на животните, изјави нивната министерка за земјоделство Јулиа Клокнер, откако вниманието на целиот свет беше насочено кон кланица која стана жариште на корона вирусот.

Имено, епидемијата во фабриката за преработка на месо во близина на Гутерслох, во каринтин стави повеќе од 600 000 луѓе и отвори голема дискусија за германските стандарди во прехрамбената индустрија и нејзиното ослонување врз работата на мигрантите, а особено на оние од Романија.

Воведување на данок во согласност со стратегијата F2F?

Зборувајќи дека месото не би требало да биде секојдневен извор на лоша и безвредна храна, Клокнер го критикува обидот да се привлечат потрошувачите да консумираат т.н. junk food и тоа по исклучително ниски цени, поради што на крајот домашните сточари остваруваат помал приход.

„Затоа веруваме дека данокот за благосостојбата на животните е вистинска потреба“ рече Клокнер на конференцијата за новинари одржана после состанокот со претставниците на месната индустрија, малопродажниот сектор и здружението на потрошувачи.

Имено воведувањето на дополнителен данок е во согласност со стратегијата F2F (Од фарма до вилушка) со чија помош треба да се намали консумацијата на месо поради зачувување на животната средина и намалување на климатските промени.

Приходите од данокот за подобрување на условите при колењето?

„Стигнавме подалеку од било кога до сега“ вели министерката, и при тоа коментирајќи ги напорите за постиднување на консензус за тоа  приходот од данокот да се користи за подобрување на условите при колењето на животните.

Алберт Стегман од Христијанската демократска унија на канцеларката Ангела Меркел сепак коментира: „ Доплонителниот данок треба да се употреби за поддршка на сточарите за да им се помогне во реконструкцијата“.

Данок поради благосостојбата на животните но боксовите сепак остануваат?

Иако сакаат да го зголемат данокот на месо поради благосостојбата на животните, во Германија повторно е одложено гласањето за зголемување на боксовите за свињи. Имено таму свињите се чуваат во простор каде што можат сосема малку да се движат напред- назад, но никако не и настрана, а исто така и кога лежат не можат до крај да ги испружат нозете.

Боксовите мора да бидат долги 2,2 метри и широки помеѓу 65 и 85 сантиметри, а фармерите ќе имаат дури 17 години да ги прилагодат со новите одредби кога тие ќе бидат усвоени. Додека пак во Шведска и Велика Британија ваквиот начин за чување на животните е забранет.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:благосостојба на животнитеГерманијаданок на месопрехрамбена индустријасточарство
Претходен напис Детално метео: И понатаму продолжуваат високите температури и африканскиот бран
Следен напис Министерот Димковски денеска изврши увид во подготовката на дополнителната канцеларија во Росоман наменета за потребите на земјоделците од оваа општина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?