Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски денеска изврши увид во подготовката на дополнителната канцеларија во Росоман наменета за потребите на земјоделците од оваа општина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Димковски денеска изврши увид во подготовката на дополнителната канцеларија во Росоман наменета за потребите на земјоделците од оваа општина
Агровести

Министерот Димковски денеска изврши увид во подготовката на дополнителната канцеларија во Росоман наменета за потребите на земјоделците од оваа општина

Објавено 30/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на општина Росоман.  Заедно со градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев, извршија увид во подготовката на дополнителната канцеларија од времен карактер, која е наменета за потребите на земјоделците од оваа општина.

МЗШВ се подготвува за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за 2020 година. Во следниот период, пред почетокот на аплицирањето за субвенции, ќе се отварат дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на неколку  подрачни единици на МЗШВ, кои имаат голем обем на работа во екот на поднесување на Барања за субвенции. Допонителните канцеларии ќе бидат во фунција само додека трае периодот на аплицирање. Целта е да се растерети работата на подрачните единици на МЗШВ во услови на Ковид-19 и да им помогнеме на земјоделците полесно да можат да ги завршат обврските без загрозување на нивното здравје и здравјето на нашите вработени .

МЗШВ ќе отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во следниве општини: Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. За непречено одвивање на активностите канцелариите ќе бидат комплетно опремени со канцелариски мебел и материјали за работа. Сите дополнителни канцеларии ќе бидат снабдени со средства за дезинфекција.

Датумот за почеток на пријавувањето на земјоделците за субвенции, во најскоро време ќе го одреди Платежната агенција соодветно на периодот за кој службите ќе ги обработат податоците од промените направени во земјоделските стопанства, бидејќи рокот за измени во ЕРЗС оваа година беше продолжен до денес – 30. јуни. Точниот датум кога ќе се започне со аплицирање за субвенции, ќе биде соопштен на транспаратен начин, преку објава на веб станата на МЗШВ и преку медиумите.

Со цел да се спречат вообичаените гужви кои се создаваат во подрачните единици додека трае рокот за поднесување на барањата за субвенции, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на Ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор  како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

„Се подготвуваме да бидеме спремни во очекување на земјоделците кога ќе почнат да доаѓаат за аплицирање. Некој од подрачните единици ќе воведат двосменско работење. Се надеваме дека со една добра организација, нема да се создаваат гужви“ изјави министерот Димковски. 

Веќе неколку години наназад на земјоделците им е овозможено и електронско аплицирање од дома. За таа цел изготвено е Упатство за електронско аплицирање со детални објаснувања чекор по чекор. За сите нејаснотии апликантите ќе можат телефонски да  контактираат со вработените во подрачните едници.  Упатсвото за електронско аплицирање и сите контаки со телефонски броеви и емаил адреси од вработените во Подрачните единици, ќе бидат објавени на веб страната на МЗШВ и јавно достапни.

Министерот Димковски, ги повика сите земјоделци да почнат да користат  електронско аплицирање бидејќи тоа е еден современ пристап кој го користат развиените држави и со кој во услови на здравствена криза, многу ќе се допринесе за заштита на здравјето на апликантите и на вработените во подрачните единици на МЗШВ.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:мзшвРосоман
Претходен напис Германија ќе воведе данок на месото поради благосостојбата на животните и помош за фрамерите?
Следен напис Поднесени првите барања на малите семејни винарии за упис во регистар на производители на вино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?