Лесно и вкусно јадење кое откако ќе се олади и исече, изгледа како пита. Може да послужи како главно јадење или како декоративно предјадење.
Состојки:
- 400 грама макарони
- 2 јајца
- 100 мл масло
- 400 мл јогурт
- 150 мл млеко
- сол
- 200 грама спанаќ
- 150 грама кашкавал
Подготовка:
Сварете ги макароните на вообичаен начин, може да бидат во каква било форма. Исцедете ги и префрлете ги во садот во кој ќе се печат. Во голем сад рачно изматете ги јајцата, додајте масло, сол по вкус, млеко и јогурт, па сè добро измешајте.
Состојките се важни за ова јадење, но можете да ги менувате количините (на пример, повеќе млеко, а помалку јогурт) според сопствениот вкус. Добро измијте го и исцедете го спанаќот, а потоа исечкајте го на ситни ленти или парчиња. Додајте го во смесата со јогурт и сè добро измешајте.
Прелијте ги макароните со смесата, израмнете ја површината со лажица, покријте со фолија и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу половина час, а потоа извадете го садот од рерната и додајте рендан кашкавал. Вратете го садот во рерната и печете додека кашкавалот не се растопи. Кога ќе се исече, изгледа како пита.
МИА
