Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пандемијатa ја забави борбата против азискиот стршлен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пандемијатa ја забави борбата против азискиот стршлен
Агровести

Пандемијатa ја забави борбата против азискиот стршлен

Објавено 29/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Епидемијата на Ковид 19 и влошувањето на социјално- економските проблеми во Западна Европа го одвратија вниманието од борбата против азискиот стршлен, преносува порталот Сојуз на пчеларски организации на Србија.

 Додека трошоците за борбата против овие грабливци се зголемуваат, ограничувањето во движењето на луѓе и возила во текот на карнатинот можат само да го олеснат неговото ширење, не само во тој дел на Европа.

Меѓу 100 видови достасани во Западна Европа, жолтоногиот азиски стршлен (Vespa velutina nigrithorax) се смета за еден од најштетните за пчелите, предупредуваат стручњаците.

Според проценките на британските научници, ако не се превземат итни превентивни мерки, азискиот стршлен ќе се шири низ Велика Британија во наредните 20 години.

Во текот на 15 години од доаѓањето во Франција, тој ја окупира целата територија и се насели во сите соседни земји. Главно средство во борбата против азискиот стршлен, чија прехрана ги вклучува и пчелите, е уништување на неговите гнезда од страна на посебно обучени и опремени тимови а ефикасноста за сега, не преминува 40 отсто.

Се нагласува дека употребата на пестициди и други хемиски средства се смета за опасна за инсектите, цицачите, птиците и другите животни, додека се уште се развиваат техники кои се безбедни за другите животни, а засновани се на водена пареа и феромон. Традиционалните стапици со мамки за стршлени помагаат во заштита на поедини пчеларници, но ништо повеќе од тоа.

Според истражувањата, во текот на 2006 година, трошоците за уништување на гнездата на стршлените само во три западни провинции на Франција изнесуваа 0.4 милиони евра, а во 2015 година достигнаа до 4.5 милиони евра, така да конечната цифра после девет години е 23 милиони.

Научниците веруваат дека трошоците до 2032 година ќе се зголемат на 11.9 милиони евра годишно во Франција, 9.0 милиони евра во Италија и 8.6 милиони евра во Велика Британија.

За споредба, придонесот на пчелите како опрашувачи во француското земјоделство се проценува на две милијарди евра, а приходот на пчеларите е околу 130 милиони евра годишно.

Изгледите за целосна колонизација на Западна Европа со стршлен изгледаат доста реално, со оглед на тоа дека од неодамна се појави и во региони чија клима до скоро беше неповолна за него.

Извор: Agronews

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:азискиЗападна Европамеркистршлен
Претходен напис Русија очекува поголеми приноси на пченица, а Романија во проблеми поради дождот
Следен напис ЕУ одобри дополнителна поддршка за земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?