Жетвата на пченицата во Русија би можела да започне за две недели додека онаа во Романија ќе ја одложи дождот.
Наскоро ќе почне жетвата на пченицата, а најголемиот светски извозник го подигна скалилото што се однесува за нејзините приноси. Имено, руското министерство за земјоделство минатата недела ги зголеми предвидените приноси на 75 милиони тони што е пораст за околу 2 милиони тони од првите проценети вредности.
Русија која првенствено се натпреварува со Евроспката унија и Украина околу снабдување на пазарите на Африка и Блискиот исток, очекува дека жетвата ќе започне во следните две недели. Под нејзин притисок и ниските светски референтни вредности, цените на извозната пченица паднаа минатата недела, пренесува world-grain.
Силните дождови ја спречија жетвата во Романија
Истовремено, силниот дожд кој минатата недела ја зафати Романија нанесе големи штети во земјоделството. На западниот и југозападниот дел на оваа земја падна помеѓу 80-125 мм дожд, пишува UkrAgroConsult.
За жал, оваа како и следната недела повторно се очекуваа силни дождови кои ќе ја одложат жетвата на посевите.
Црноморскиот јачмен под закана на австралискиот
И ако се мислеше дека слабеењето на конкуренцијата на Франција и германија на почетокто на сезоната, ќе овозможи на земјите како што се Украина, Русија и Романија подобро пласирање на јачменот на арапскиот пазар, како нова закана се јави Австралија.
Имено, после губењето на кинескиот, оваа земја ќе мора да побара некои нови пазари, а со оглед на извозните потенцијали од милион тони, тоа нема да и биде проблем, особено ако и ја намали цената, наведува UkrAgroConsult.
Извор: Agroclub.com