Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне
Агровести

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Објавено 12/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По петти пат, во Прилеп во центарот на градот, се одржа Саемот „Руралната жена – корени и трпеза“ во организација на „Слоуфуд – Прилеп“. 

Учествуваа производители од Пелагониско на млечни, медни производи, на традиционални рецепти за домашна храна, на ракотворби. Според нив, Тоа е вистинското место за промоција на малите производители, а домашното производство е барано на пазарот.

-Да ја задржиме традицијата, да учествуваме на нешто што нашите предци ни го оставиле како аманет и да не запреме со производството на традиционалната храна и пијалаци и сето она што е наше исконско македонско треба да си го чуваме, вели Цеца Видова Трајческа производители на традиционални пијалаци. 

Арбана Маркоска од Прилеп пет години сама прави стотици килограми овчо сирење. Научила од сопругот кој е задолжен да го чува стадото овци

-Тешко е, ама мора и треба да се работи, да им оставиме нешто на децата. Се снаоѓам со семејството и со домашното производство на сирење, вели Маркоска. 

Жената има голема улога во руралното производство. Се уште е невидлива и мора стопански да зајакне.

-Сите знаеме дека жената има голема улога во производството, во земјоделството, во сточарството, но сметаме дека таа не е доволно видлива. Затоа, со овој настан сакаме жената-производителка да ја подигнеме на пиедесталот за понатаму таа економски да зајакнува, да го зајакнува својот бизнис и да биде економски конкурентна на пазарот, вели Филип Петкоски, претседател на „Слоуфуд-Прилеп. 

Во рамките на Саемот, се одржа и панел дискусија насловена „Агроекологија, зелени иновации и женско претприемништво како и обука на жените со новата технологија.

-Обуката е наменета за жените, за тоа што тие може да го направат во своите производства преку новите технологии, преку социјалните мрежи, значи обука за користење на вештачката интелигенција, рече Елена Каровска Тошевска од „Слоуфуд-Македонија“.

Инаку, саеми за руралната жена во Македонија се одржуваат осум години.

МИА

Може да ви се допадне

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
(ВИДЕО) „СА-МО Бионатура“: Кога откупувачот инвестира, а земјоделците имаат сигурен пласман на пиперките – Договорно производство на дело
ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Таг:Прилепруралната женаСаем
Претходен напис „Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?