Има нешто посебно во едноставните домашни јадења што нè враќаат во вкусот на детството. Печените пиперки, нежни и сочни однатре, а со крцкава златна коричка однадвор, се вистински деликатес кој најдобро се ужива топол, со добро сирење или кисело млеко.
Состојки:
- 6 – 8 поголеми црвени пиперки
- 3 јајца
- 4 лажици брашно
- 70 г лебни трошки (презла)
- сол по вкус
- масло за пржење
Подготовка:
Пиперките испечете ги во рерна или ер-фраер околу 20 минути, односно додека убаво омекнат и добијат боја. На половина од печењето превртете ги. Времето на печење може да варира во зависност од големината и видот на пиперките.
Испечените пиперки ставете ги во кеса или во сад со капак и оставете ги кратко да се испотат. Потоа излупете ги и внимателно исчистете ги од семките. Посолете ги и зачинете ги по желба. Секоја пиперка најпрво потопете ја во изматени јајца, а потоа извалкајте ја во брашно, токму онака како што се правело порано. По желба, можете да користите и спелтино брашно.
Пржете ги во загреано масло од двете страни, додека добијат убава златно-кафеава и крцкава коричка.
Послужете ги топли, со сирење, кисело млеко или јогурт.
МИА
