Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Агровести

Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија

Објавено 04/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија целосно е завршена, а за десеттина денови ќе почнат подготовките за есенска сеидба, изјави за МИА, Стојан Христовски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола.

Според Христовски, жетвата е завршена според планираното, а во овој период земјоделците може да поднесуваат барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 

-Оваа година ожнеани се 12.000 хектари на кои беше посејана пченица, ожнеани се 2.900 хектари со јачмен, земјоделците од битолскиот регион, Новаци и Могила, ожнеаја 1.100 хелтари со маслодајна репка и 600 хектари на кои имаше тритикале. Следува кус одмор, а потоа и подготовки за есенска сеидба, изјави Христовски.

Во ПЕ на МЗШВ во Битола и во дисперзираните канцелари во Општина Новаци и Општина Могила, во овој период, а најдоцна до 30 септември се врши доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 

-Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка по површина и грло добиток, мерките за директни плаќања по единица производ, мерките за поддршка на влезните елементи во производството и мерките за мали земјоделски стопанства. Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ на регистриран откупувач. За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, обезбедени се податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури. Операторите од ПЕ Битола се на располагање секој работен ден и во диспезираните канцелари во Општина Новаци и Општина Могила, нагласи Христовски.

Од ПЕ на МЗШВ Битола појаснуваат дека поднесувањето на барањата се врши по електронски пат за што и оваа година е обезбедена помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МИА

Може да ви се допадне

Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
Таг:жетватаЗавршиПелагонијапченицата
Претходен напис Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?