Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчелар ги претворил мечките во дегустатори откако постојано му го краделе медот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пчелар ги претворил мечките во дегустатори откако постојано му го краделе медот
Магазин

Пчелар ги претворил мечките во дегустатори откако постојано му го краделе медот

Објавено 26/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мечките сакаат мед, па не е ни чудно што поминуваат долги патишта за да стигнат до него. Толку го сакаат што не можат да одолеат и ги ограбуваат кошниците па на многумина пчелари им создадат серизони главоболки. Овие симпатични грабливци се многу чести гости на фармите со пчели, но и многу непожелни, бидејќи понекогаш прават огромна штета. Многумина пчелари, како Ибрахим Седеф, се обидуваат да ги држат што подалеку од кошниците.

Ибрахим Седеф живее во Трабзон, во Турција, пренесува турската новинска агенција Demirören (DHA). Тој е земјоделски инженер кој се занимава со пчеларство. Веќе некое време се обидува да ги спречи стрвните мечки да ги кршат кошниците во обид да дојдат до скапоцениот мед. За да ги заштити кошниците, Седеф се обидел да ги осигура со поставуавње на метални кафези околу нив. Исто така се обидел да остави храна како што се овошје, леб и мед за да ги спречи мечките да се послужат со ужина директно од кошниците. Сепак, тоа не било доволно добро и некои кошници и понатаму биле оштетувани.

Затоа овој пчелар одлучил да дознае повеќе околу движењето и однесувањето на мечките. Поставил камери за да ги следи мечките кои шетаат по неговата фарма со пчели.

Додека се обидувал да смисли начин како да ги надмудри стрвните животни, Седеф дошол до генијална идеја, одлучил овие мечки да ги претвори во дегустатори на мед, бидејќи тие имаат добар вкус за медот.

Пчеларот поставил масата со четири видови на мед за мечкарската гозба. Резултатот покажал дека мечките сакаат скапи работи.

Седеф за DHA изјавил дека мечките ги привлекувал мирисот на медот „Анзер“ и дека секогаш прво него го јаделе, а понекогаш дури и не пробувале друг мед. Килограм од овој познат турски мед „Анзер“ се продава и за повеќе од 300 долари.

Извор: Poljoprivreda.ba

 

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:дегустацијамедпчелар
Претходен напис Младите во Италија се враќаат на земјоделството
Следен напис Германија: Бараат дозвола да колат директно на пасиштата – поради благосостојбата на животните и поквалитетно месо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?