Младите во Италија сакаат да се вратат на земјоделството и на селските работи. Дури 56.000 Италијанци под 35 годишна возраст раководат со земјоделски компании, што е дури за 12 % повеќе во однос на претходните пет години и претставува европски рекорд.
Во текот на епидемијата со корона вирус дојде до голема побарувачка за прехрамбени производи што всушност значи враќање кон селото. Во тоа предводи Сицилија со 6.673 компании, но тоа враќање кон корените се шири од север кон југот на земјата.

Националната банка за земјоделски земјишта која содржи податоци за сите напуштени имоти од било која причина и ги нуди сите потребни информации за природните карактеристики, организацијата, инфраструктура и начинот на кој може да се дојде до посед на некое земјиште.
Италијанците кои имаат помалку од 41 година можеа да учествуваат на аукција за змјиште кои биле напуштени. Оваа година банката понуди нови 386 повици за 10.000 хектари земја во вредност од 130 милиони евра.
Условите за помлади од 41 година беа поволни, имено имаа можност да учествуваат на аукција и да платат во рок од 30 години. Интересот на младите беше неверојатно висок – се пријавиле дури 1709.
Имено, во овој момент во Италија сме сведоци на историско враќање на старите вредности поврзани со живот од земјата и земјоделството.
Извор:Agronews
