Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Агровести

Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме

Објавено 27/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека барањата на земјоделците од Струмичко, кои најавуваат протести, се легитимнии и, како Влада, преку механизмите што се на располагање, ќе се стори сѐ што може за да им се помогне.

–  Апсолутно ние како Влада ги поддржуваме земјоделците и нивните барања. И тука нема ништо спорно затоа што тоа се луѓето што нѐ хранат. Но, оваа година, која е исклучително предизвикувачка кога во неформални кругови се користи терминот ‘оваа година треба да се преживее’, ценам дека барањата на земјоделците се легитимни и како Влада, преку механизмите коишто ни стојат на располагање, ќе сториме сѐ што можеме за да помогнеме. Тоа впрочем и го покажавме уште кога бевме избрани како Влада, рече денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. 

Истакнувајќи дека нема добра реколта без исчистени канали за наводнување и без полни акумулации, наведе дека  завршува сезоната за наводнување, а акумулациите се полни околу 60 проценти, за разлика од 7 проценти на 23-ти јуни, кога беше избрана Владата. –  Тоа не беа акумулации, беа мочуришта. Таа е разликата што направивме и што правиме ние за земјоделците за да имаме поголема реколта – оцени Мицкоски.

Потсети дека сегашната Влада  наследила и состојба со неисплатени плати на вработените во Национални шуми и во АД „Водостопанство“, како и неисплатени субвенции од 2020 година. 

– И денеска,  од опозицијата, како да имаат амнезија, сѐ тоа го забораваат и мислат дека народот им верува и без ниту малку срам излегуваат во јавност и се ставаат во т.н. одбрана на земјоделците. Истите кои ги уништија, буквално што ги доведоа на питачки стап земјоделците, денеска бесрамно снимаат по некое рилче, страв им е да се соочат бидејќи може да добијат непријатни прашања. Со камерата се снимаат и тоа го објавуваат и мислат дека на тој начин ќе добијат некаква поддршка, а притоа забораваат дека нивната репутација е нула, а кредибилитетот им е негативен. Земјоделците ја имаат апсолутно нашата поддршка, вистинските земјоделци се наши партнери и ние како Влада продолжуваме да бидеме  вистински партнер на вистинските земјоделци – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на потпишување Договор за изградба на интерконекторот со Србија меѓу АД „Номагас“ и „Рапид билд“.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,7 милијарди денари
АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
Министерот Серафимовски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Таг:земјоделцимицкоски
Претходен напис Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?