Исплатени 85 784 580 денари на 1159 одгледувачи на кози
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува одгледувачите на кози дека денес, 25 август 2026 година, е извршена исплата на финансиска поддршка за одгледување на кози за 2025 година за 1.159 одгледувачи, во вкупна вредност од 85.784.580 денари.
Агенцијата продолжува со исплатите на финансиската поддршка и по другите мерки од програмата за 2025 година.
