Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Агровести

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Објавено 18/08/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

Ангелов, во видео од терен, информира дека околу 2 часот по полноќ добил телефонски поивик од женско лице со силно вознемирен глас дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково.

-Веднаш се јавив на дежурниот скопски пожарникар. Телефонот заѕвони само еднаш а веќе го слушнав неговиот глас од другата страна. Го известив дека во Зелениково најверојатно има опасен пожар после што тој веднаш ми кажа дека веќе знаат и нивното возило од станицата во Драчево итно тргнало кон посочената локација. Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски кој во интерес на времето итно го стартувал општинското противпожарно возило кое што го набавиле пред извесно време и со него дошол непосредно до куќите каде што беснеел пожарот. Истовремено со него пристигнале и, од него алармираните, припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково. Веднаш потоа започнале со гасење на пожарот кој се приближувал кон куќите – информира Ангелов.

Олеснителна околност, нагласи Ангелов, била претходната реакција на самите жители од последните куќи, кои направиле делумна заштита на неколку места прскајки со вода и сечејки критични грмушки и дрвја.

-Сите заедно успеале да ја сопрат огнената стихија пред да стигне до првите куќи. Голема благодарност до градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски, кој итно, во 02.00 по полноќ се јавил на повикот на граѓаните, покажал присебност и наместо да губи време чекајки некој да дојде по противпожарното возило, самиот го стартувал и одвезол до местото каде што горел пожарот. Благодарност и до жителите кои што излегле да се борат против огнот изложувајки се притоа на значителен ризик, на лице место затекнав повеќемина од нив.  Посебна благодарност до доброволните пожарникари од Зелениково без чие учество состојбата ќе беше сосем поинаква. Со нив договорив да влезат во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а во знак на поддршка на доброволното пожарникарство им понудив Дирекцијата да им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден Огнен тим во ДЗС – изјави Ангелов. 

Ангелов, исто така, изрази благодарност и до скопските пожарникари чие што возило стигнало навистина брзо.

-Сите заедно ставија крај на оваа огнена стихија која можеше да уништи повеќе куќи. На крај, по којзнае кој пат, ве молам, внимавајте! Доволна е само искра за вистинска катастрофа – порача Анеглов.

ЃАнгелов, како што информира, за пожарот бил известен во момент додека се наоѓал на патот кој води низ ловиштето Јасен, враќајки се од Македонски Брод каде што, како што нагласи, ги имале завршните договори за денешното гасење на пожарот кој е активен на висок, тешко пристапен и карпест терен.

МИА

Може да ви се допадне

Повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште, четворица жители побарале помош
Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %
Координативен состанок за актуелната состојба со болеста Западнонилската треска
Според Националната земјоделска мрежа, минимална откупна цена на кг грозје вранец треба да биде 30 денари
Речиси целата држава во зона со висок ризик од пожари
Таг:АнгеловЗелениковопожар
Претходен напис Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %
Следен напис Повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште, четворица жители побарале помош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?