Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште, четворица жители побарале помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште, четворица жители побарале помош
Агровести

Повеќе од 20 куќи и плевни изгореа во Чаниште, четворица жители побарале помош

Објавено 18/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Борба за манастирскиот комплекс во тетовско Туденце. Во недостиг од противпожарни екипи, пожарот го гаселе доброволци од Скопје, Гостивар и Тетово.

Според Дирекцијата за заштита и спасување, нивната помош била клучна пожарот да не напредува до самиот манастир. Критична била состојбата и во мариовско Чаниште, каде што биле опожарени повеќе од 20 куќи и плевни. Четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад, постои сомнеж дека пожарот бил подметнат….

Зголемениот број пожари дополнително го вклучи алармот кај надлежните институции. Од Центарот за управување со кризи информираат дека е издадено портокалово предупредување поради висок ризик од пожари на отворен простор.

ЦУК

„Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија. Апелираме на особена внимателност“, велат од ЦУК.

Препораките на надлежните се да не се пали оган на отворен простор и во близина на сува трева или шума. Граѓаните, доколку не мораат, да не се движат во високоризичните подрачја, а доколку забележат пожар, да го пријават на 112.

Покрај пожарите, земјава се соочува и со топлотен бран, проследен со тропски температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека високите температури ќе продолжат и во следните денови.

Инаку, пожарите кои ја зафатија земјава во текот на неделава, според информациите од надлежните институции, се гаснат од земја и од воздух. На терен е мобилизирана целата расположлива механизација.

Може да ви се допадне

Кој сака да купи овошје и зеленчук, нека си набере сам! — земјоделците масовно продаваат од нива
Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Винарска визба „Тиквеш“ со раст во првото полугодие: Приходите +9 %, нето добивката +19 %
Координативен состанок за актуелната состојба со болеста Западнонилската треска
Според Националната земјоделска мрежа, минимална откупна цена на кг грозје вранец треба да биде 30 денари
Таг:жителипожарСкопје
Претходен напис Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
Следен напис Кој сака да купи овошје и зеленчук, нека си набере сам! — земјоделците масовно продаваат од нива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?