Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
Агровести

Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил

Објавено 13/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), додека кај 29 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.

Од почетокот на летото починале девет лица заразени со вирусот на Западен Нил, сите на возраст од над 65 години, со просечна возраст од 82 години

Од заразените, 35 се хоспитализирани, 61 пациент бил пуштен од болница, а за петмина заразени не била потребна хоспитализација.

– Вреди да се напомене дека според резултатите од епидемиолошкото истражување спроведено во 2010 година, на секој еден случај на инфекција со вирусот Западен Нил со зафатеност на централниот нервен систем соодветствуваат околу 140 лица инфицирани со вирусот (со благи симптоми или без симптоми), посочија од ЕОДИ.

Доколку се анализираат официјалните податоци, повеќето од случаите (вкупно 77) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите 29 се во регионот Тесалија, во северна Грција и на Пелопонез, додека пак пет случаи се во фаза на епидемиолошко истражување.

Поради порастот на случаи на Западен Нил во Атика, од периферијата вчера соопштија дека за 30 отсто ќе ги зголемат насочените активности против комарците, додавајќи нови прскања од копно и воздух.

Првиот случај на инфекција  во Грција за оваа сезона беше регистрирани на почетокот на јули.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во земјата во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од Западен Нил починаа девет лица. 

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
Дел од Центар денеска без вода, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај
АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра
ЈП „Водовод и канализација“: Комплетно е неточно и најостро демантираме дека во водата во Скопје има Escherichia coli
Таг:45 новивирусотгрцијаЗападен Нил
Претходен напис ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Следен напис Рататуј
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?