Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕЦБ и одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕЦБ и одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
Агровести

ЕЦБ и одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Објавено 11/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.

-И покрај тоа што девизните резерви на Народната банка се на високо ниво и претставуваат примарен заштитен механизам за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, пристапот до зголемената репо-линија претставува значителна поддршка за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и за справување со евентуални надворешни шокови и зголемена побарувачка за ликвидност во евра, наведува НБ.

Народната банка досега имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра, која беше воспоставена за време на пандемијата на ковид-19 и последен пат беше продолжена до 31 јануари 2027 година. За разлика од оваа репо-линија, зголемената репо-линија (ЕУРЕП) претставува траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат, со што дополнително се зајакнува заштитната мрежа за обезбедување ликвидност во евра во услови на евентуални пазарни нарушувања.

Зголемената репо-линија (ЕУРЕП) е инструмент на Евросистемот, воспоставен со цел да го поддржи непреченото спроведување на монетарната политика. Таа обезбедува постојан пристап до ликвидност во евра за централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната, а со неа управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.

Со воведувањето и овозможувањето пристап до зголемената репо-линија, ЕЦБ ја потврдува својата посветеност на обезбедувањето ликвидност во евра во периоди на пазарни предизвици за централните банки надвор од еврозоната, како и на поддршката на непреченото функционирање на финансиските пазари. 

МИА

Може да ви се допадне

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце
Активни два пожара – кај Македонски Брод и во кумановски Средорек
Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната
Средба на министерот Серафимовски со МАП
Таг:50 милијарди евраЕУРЕПЕЦБпристапрепо-линија
Претходен напис Домашни јуфки
Следен напис Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?