Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
Агровести

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина

Објавено 10/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период.

Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе за 0,84 отсто, на 78,84 долари за барел.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека овој стратешки поморски пат нема да биде повторно отворен додека Вашингтон не ги исполни условите, меѓу кои се ублажување на санкциите и исплата на воени репарации. Тој, исто така, посочи дека Техеран во моментов нема директни разговори со САД, и покрај тврдењата од Вашингтон дека договорот е близу.

„Ормуската Теснина и понатаму е практично затворена“, соопшти „Вестпак“, додавајќи дека неизвесноста останува висока додека војната меѓу Иран и САД влегува во својот шести месец.

И покрај нестабилноста на енергетскиот пазар, азиските берзи пораснаа. Јапонскиот индекс „Никеи 225“ се зголеми за 2,1 отсто, јужнокорејскиот „Коспи“ порасна за 0,7 отсто, а хонконшкиот „Ханг Сенг“ бележи раст од 0,6 отсто. 

МИА

Може да ви се допадне

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Дел од Центар без вода поради дефект на водоводна мрежа
Дел од Петровец и Ќојлија денеска без струја
Трето авионско прскање против комарци утре во Велес и околината
Таг:нафтатаОрмуската Теснинарастатцените
Претходен напис Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?