Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за поднесување понуди по петте јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.
Рокот е продолжен за дополнителни 30 дена.
Новиот краен рок за поднесување на понудите е:
09 септември 2026 година
Продолжувањето на рокот им овозможува на заинтересираните земјоделци, земјоделски стопанства и компании дополнително време за подготовка и комплетирање на потребната документација.
