Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕЦБ започна процес за нов дизајн на еврото: Граѓаните ќе гласаат за 10 предлози до 21 септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕЦБ започна процес за нов дизајн на еврото: Граѓаните ќе гласаат за 10 предлози до 21 септември
Агровести

ЕЦБ започна процес за нов дизајн на еврото: Граѓаните ќе гласаат за 10 предлози до 21 септември

Објавено 06/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската централна банка (ЕЦБ) започна процес на редизајн на евробанкнотите, со цел тие да бидат побезбедни, поодржливи и попристапни за граѓаните.

ЕЦБ претстави 10 предлог-дизајни, за кои јавноста ќе може да гласа до 21 септември, додека конечниот избор треба да биде направен до крајот на годинава.

Еврото е официјална валута во 21 од 27-те земји членки на Европската Унија и го користат повеќе од 357 милиони луѓе. Во оптек моментно се банкноти од пет, 10, 20, 50, 100 и 200 евра, додека печатењето на банкнотата од 500 евра беше прекинато во 2019 година поради загриженоста дека може да се користи за перење пари и финансирање тероризам.

Редизајнот следува по воведувањето на еврото во 2002 година и серијата „Европа“, која донесе дополнителни безбедносни елементи во периодот од 2013 до 2019 година.

Според ЕЦБ, новите банкноти ќе содржат понапредни заштитни елементи против фалсификување, ќе бидат изработени од поиздржливи материјали и ќе бидат полесни за користење, вклучително и за лицата со оштетен вид.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека сегашниот дизајн со прозорци, врати и мостови симболизира европска соработка и интеграција, но по повеќе од две децении е време банкнотите да станат поблиски и попрепознатливи за граѓаните од сите генерации и средини.

По усвојувањето на конечниот дизајн ќе следуваат повеќегодишни подготовки пред новите банкноти постепено да бидат пуштени во оптек. Дотогаш сегашните банкноти ќе останат законско средство за плаќање и ќе продолжат да важат без ограничување. 

МИА

Може да ви се допадне

Протест на струмичките земјоделци поради ниската откупна цена на црвената пиперка
Средба на министерот Серафимовски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова
Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна
Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Таг:евротоЕЦБ
Претходен напис Средба на министерот Серафимовски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова
Следен напис Протест на струмичките земјоделци поради ниската откупна цена на црвената пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?