Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе имаат прекин во електричната енергија, информира ЕВН Македонија.
Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани и Бутел.
Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара.
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар.
Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Рајко Жинзифов“, дел од „Владимир Полежиновски“, дел од „Стефан Јакимов-Дедов“ и дел од „Борка Талевски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.
МИА
