Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода
Агровести

Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода

Објавено 06/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотниот бран и со долгорочна суша го намали водостојот во реките во Хрватска на историски ниски нивоа и предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода.

Во источниот дел од Хрватска реките Дунав и Драва имаат рекордно низок водостој, а има предупредување дека идните денови можно е да пресушат реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин.

Ниското ниво на водата во Дунав изминатите денови сериозно ја попречи пловидбата во близина на Вуковар. Некои бродови повеќе не можат да го продолжат своето патување, товарните бродови се заглавени, а најголемото речно пристаниште во Хрватска речиси и да нема сообраќај десет дена.

Нивото на водата во Дунав во близина на Вуковар се намали за 60 сантиметри, а во некои делови реката е длабока само околу 1,2 метри, поради што бродовите мора да ја намалат количината на товар или да престанат да пловат. Во близина на Ердут се насукани два товарни брода,

Поради претерано високата температура на реката Сава, нуклеарната централа Кршко од вечерва ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. Хрватската влада соопшти дека и покрај намалувањето на производството на Кршко не е во опасност снабдувањето со електрична енергија.

Хрватскиот Државниот хидрометеоролошки завод издаде црвено предупредување за цела Хрватска за денеска и утре поради екстремно високите температури. За утре во источниот дел на земјата се најавуваат температури до 42 степени Целзиусови. 

МИА

Може да ви се допадне

Прекин на електрична енерија во општина Бутел, а без вода денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Без вода утре дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски
Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција
Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување штандови за „Ден на дијаспората 2026“
Таг:водаводостојпловидбатапроблемиХрватска
Претходен напис Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени
Следен напис Прекин на електрична енерија во општина Бутел, а без вода денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?