За да се спречи ширењето на зараза, а и за да се зачува постојаноста на свињите како општо добро, EFSA како и самата Европска комисија предлагаат детален преглед на свињите пред самиот процес на колење.

Повеќето опасности кои се однесуваат на здравствената состојба на свињите при колење предизвикани се од неадекватен персонал и лошо дизајнирани и изградени објекти, заклучила Европската агенција за сигурност на храна (EFSA) во своето најново истражување.
Оваа студија е последна во низа ажурирани проценки за состојбата на животните која ја побарала Европската комисија. Врз основа на добиените резултати ЕК предложи мерки за спречување на опасностите кои се јавуваат во текот на колењето на животните и производството на месо.
– „Европската комисија во склоп на својот проект „од фарма до вилушка“ ги преиспитува моменталните одредби за здравствената состојба на животните со цел создавање одржлив прехранбен систем во ЕУ. Оваа постапка, а и друга слична на неа ќе биде изнесена во следните неколку години и ќе овозможи научна основа за понатамошно испитување“, изјавила главниот научник на EFSА, Марта Хугас.

Потребен детален преглед на свињите при процесот на колење
За да се спречи ширењето на зарази и да се зачува нивната постојаност како општо добро, EFSA како и самата комисија предлагаат детален преглед на свињите пред самиот процес на колење. Така би се идентификувале опасностите кои ја доведуваат во прашање општата состојба на животното, а такви опасности се на пример топлотен стрес, жед, долготрајно глaдување и респираторни тегоби.
– „Високите стандарди го подобруваат здравјето на животните и квалитетот на храната, ја намалуваат потребата за лекови и можат да помогнат за зачувување на биолошката разноликост. Здрави, добро чувани животни се од пресудна важност за синџирот на исхрана“, нагласува Хугас.
И кај останатите домашни животни се јавуваат истите проблеми
За жал, свињите не се единствените животни кои подлежат на суровите процеси на колење. Во Франција и Германија е предложен закон кој забранува уништување на машки пилиња со мелење додека се сеуште живи.
Имено, во случај пилето да е женско, тоа во скоро време ќе стане кокошка несилка, најчесто во кафезно одгледување, но, ако е машко, не служи за ништо па така и се третира. За среќа, властите го препознаа тој суровчин и одлучија на тоа да стават крај.

Тоа за жал не е единствен случај зашто познато е дека условите за транспорт на стоката се многу лоши. Ова сигурно не се единствени докази за запоставување на здравјето на животните па се очекува дека ЕУ и EFSA ќе донесат уште низа нови промени по прашање на нивната заштита.
Извор: Аgroclub.ba
