Во Германија оваа година се засеани 161.700 хектари овес, што е речиси 30% повеќе отколку лани. Најмногу произведуваат покраините Шлесвиг-Холстеин и Долна Саксонија.
– „Земјоделците препознаваат повеќекратна корист од овесот. Тој нуди бројни агрономски предности и овозможува ротација на посевите. Покрај тоа, маркетиншките можности се огромни, а во млиновите е се поголема потреба за квалитетна суровина“ објаснува за Улрих Шумахер, портпарол на Здружението на житарици, млинови и скроб (VGMS). Имено, во Германија до сега се преработуваа околу 500.000 тони овес за исхрана.

Годинава засеале 161.700 хектари овес
Површините под овес во оваа земја оваа година се проценети на 161.700 хектари, што е речиси 30% повеќе отколку лани додека, а во однос на 2010 година е забележано дури 15% пораст на засеани површини бидејќи тогаш е забележан голем пад на производството на оваа житарица.
Пораст од 27,6% производство во однос на минатата година бележи Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт и Шлесвиг- Холстеин. Рајна-Палатинат е единствена сојузна држава каде што површините под овес се намалени.
Најголемо, поточно двојно зголемување забележано е во покраината Шлесвиг-Холстеин, а во Долна Саксонија се засеани 66% повеќе отколку една година порано. Имено, германските одгледувачи и корисници ги препознале предностите на оваа житарица па се подготвени да ја преиспитаат структурата на сеидбата и со задоволство испробуваат нови, посилни сорти.

Овесот е се повеќе баран на пазарот?
Овесот може да се одгледува било каде во Германија поради климатските услови и почвата, вклучувајќи добра интеграција во ротација на посевите и зголемување на искористеноста на капацитетите на машините за преработка.
Во пoследно време, овесот е се повеќе баран на пазарот, а германската прехранбена индустрија плаќа и добра цена за добар квалитет со оглед на тоа дека потрошувачката на оваа житарица како храна е во пораст во цела Европа. Врз основа на сите факти, Германците очекувата понатамошен пораст на засеани површини во текот на наредните години.
Извор: Agroclub.ba
