Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Напредува модернизацијата на Македонскиот интербанкарски платен систем со поддршка од Европската Унија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Напредува модернизацијата на Македонскиот интербанкарски платен систем со поддршка од Европската Унија
Агровести

Народна банка: Напредува модернизацијата на Македонскиот интербанкарски платен систем со поддршка од Европската Унија

Објавено 04/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022, информира Народна банка во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

По завршувањето на првиот циклус на тестирањето, во Народната банка се одржа работен состанок со учесниците во МИПС, на кој беа презентирани резултатите од досегашните активности, беа разгледани прашањата коишто се појавија во текот на тестирањето и беа усогласени наредните чекори за успешно спроведување на проектот.

Како што истакна Биљана Доновска-Гечева, директорка на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, во наредниот период ќе продолжат активностите за финализирање на тестирањата и подготовка за воведување на новото системско решение во редовна употреба.

Воведувањето на стандардот ISO 20022 претставува значаен чекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура. Новиот стандард ќе овозможи размена на поквалитетни и побогати податоци во платниот промет, поефикасна автоматска обработка на плаќањата, поедноставно спроведување на контролите и поголема усогласеност со стандардите и практиките на Европската централна банка и европските платни системи. Со тоа ќе се создадат услови за поефикасни, посигурни и помодерни платежни услуги, во согласност со европските трендови и обврските во процесот на европската интеграција.

Проектот финансиран од Европската Унија „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, покрај воведувањето на стандардот ISO 20022 во МИПС, опфаќа и воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики, со што дополнително се зајакнуваат институционалните капацитети на Народната банка во овие две значајни области.

МИА

Може да ви се допадне

Поради пожар, село Дреново без вода
Пожарот во кавадаречко активен, но значително намален
До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни
Земјоделците да ги наводнуваат посевите и да ги почитуваат препораките за работа на отворено
На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час
Таг:Европската Унијамодернизацијатанародна банкаплатен систем
Претходен напис Пожарот во кавадаречко активен, но значително намален
Следен напис Поради пожар, село Дреново без вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?