Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство.
Вчера се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи.
Од Министерството велат дека и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.
МИА
