Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полугодишен извештај на ПИОМ: Остварени вкупни приходи од речиси 77, 2 милиони денари, бројот на корисници на пензии зголемен за 1.876 лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полугодишен извештај на ПИОМ: Остварени вкупни приходи од речиси 77, 2 милиони денари, бројот на корисници на пензии зголемен за 1.876 лица
Агровести

Полугодишен извештај на ПИОМ: Остварени вкупни приходи од речиси 77, 2 милиони денари, бројот на корисници на пензии зголемен за 1.876 лица

Објавено 31/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница, на која беше усвоен полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година – соопштија денеска од Фондот.

Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги известил членовите на одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом во Аеродром е оштетен покривот од невремето што го зафати Скопје. Тој додал дека се преземаат мерки за негова санација.

– Во контекст на извештајот, Мемов рече дека во изминатите шест месеци има подобрување во остварувањето на работата на Фондот и особено во реализирањето на целта решавањето на предметите во законски утврдените рокови. Директорката на Секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи, го образложи полугодишниот извештај и рече дека во него се опфатени статистички податоци за остварените права од пензиското и инвалидското осигурување, финансиското работење на Фондот, општествениот стандард на корисниците на пензија, како и за остварените резултати при спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување во периодот од 1.1.2026 до 30.6.2026 година. Таа посочи дека во шесте месеци од 2026 година со остварените средства од придонесите, дозначените средства од буџетот на државата, приходите од акцизи и од другите неданочни приходи, како и пренесените средства во 2025 година во износ од 1.828,66 милион денари, Фондот остварил вкупни приходи во износ од 77.167,47 милиони денари. Вкупните расходи во истиот период изнесуваат 71.882,43 милиони денари – пишува во соопштението.

Според податоците во полугодишниот извештај, како што се наведува во соопштението, бројот на корисници на пензии во периодот јануари – јуни 2026 година е зголемен за 1.876 лица, а за посмртна помош на семејствата на 8.189 починати корисници на пензија Фондот има исплатено средства во висина од 317.621,360 денари.

– Управниот одбор на Фондот на седницата ја разгледа и информацијата за усогласувањето на пензиите и достигнатото ниво на пензиските примања во 2026 година, информацијата за достасаното ниво на развојот на ИТ-системот и достигнатото ниво на автоматизација на деловните процеси и сервиси во 2025 година, како и други информации од негова надлежност – се додава во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Потврдени 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
Просечната каматна стапка на вкупните депозити 2,17 отсто, а на вкупните кредити 4,67 проценти
Сообраќајот се одвива непречено, зголемена фреквенција на Богородица и Табановце
Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
Таг:зголеменпензииПИОМПолугодишен извештај
Претходен напис Просечната каматна стапка на вкупните депозити 2,17 отсто, а на вкупните кредити 4,67 проценти
Следен напис Потврдени 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?