Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
Агровести

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари

Објавено 31/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците.

Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се поврзуваат со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и проблеми со дишењето.

„Знаеме дека ова има навистина значително влијание врз здравјето, особено кога станува збор за повеќедневна изложеност“, изјави Теодор Кипинг, климатолог од Империјал колеџот од Лондон.

„Гледаме се посериозни и почести пожари со висок интензитет, при што луѓето се изложени на мошне, мошне високи нивоа на честички ПМ2.5“, додаде тој.

Податоците од програмата на Европската Унија за следење на климата „Коперникус“ покажуваат дека во францускиот град Бордо нивото на загадување со честички „ПМ2.5“ на 26 јули надминало 300 микрограми на метар кубен. 

Кипинг посочи дека просечната концентрација на „ПМ2.5“ честички во Бордо на 26 јули била речиси петпати повисока од нивото препорачано од Европската Унија.

Чадот од пожарите проширил невообичаено високи концентрации на честички „ПМ2.5“ на потегот од Мадрид до Бордо. Во градот Лимож што се наоѓа околу 200 километри североисточно од Бордо, нивото на тие честички за време на викендот надминало 400 микрограми на метар кубен.

Пожарите можат да ги направат честичките „ПМ2.5“ уште поопасни, бидејќи нивната токсичност се зголемува кога се мешаат со други загадувачки материи присутни во чадот.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот се одвива непречено, зголемена фреквенција на Богородица и Табановце
И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството
Таг:Европазагаден воздухМилиони луѓепожари
Претходен напис И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
Следен напис Сообраќајот се одвива непречено, зголемена фреквенција на Богородица и Табановце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?