Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
Агровести

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран

Објавено 30/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија.

Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува на висока опасност од пожари.

Во цела Словенија е забрането палење оган на отворен простор, како и фрлање запалени предмети или други материјали што можат да предизвикаат пожар. Забрането е и палење оган во близина на инфраструктурни објекти, употреба на предмети и уреди што можат да предизвикаат пожар надвор од населените места, како и огномети.

Инспекторатот на Република Словенија за заштита од природни и други несреќи и полицијата ќе спроведуваат засилен надзор за време на периодот на прогласена висока и многу висока опасност од пожари.

- Реклама -
Ad image

Агенцијата за животна средина на Република Словенија (АРСО) предупреди дека топлотното оптоварување ќе се зголеми кон крајот на неделата. Највисока, црвена фаза на предупредување за временски услови е издадена за југозападниот дел на земјата, каде што температурите ќе достигнат до 39 степени Целзиусови, при слаб ветер.

АРСО го зголеми нивото на временско предупредување за следните денови. Денеска највисоката дневна температура ќе биде од 31 до 36 степени, со очекувања за постепено зголемување за неколку степени секој ден.

Во моментов портокалова фаза на предупредување за топлина е на сила во југоисточниот и централниот дел на Словенија, додека во петок портокалова фаза ќе важи за целата земја поради високите температури. Во сабота и недела црвена фаза е прогласена за југозападниот дел на земјата.

Универзалниот термички климатски индекс, кој е еден од показателите за топлотното оптоварување врз човечкото тело, во текот на викедот ќе биде највисок во областа Горишка и долината Випава. Високи температури ќе има и во други делови од Словенија, особено во југозападниот и централниот дел од земјата.

Топлотното оптоварување ќе биде најизразено во средината на денот и во попладневните часови. 

МИА

Може да ви се допадне

Можност за нов трактор и механизација со ГРАНТ од ИПАРД
Пријавен јачмен, а на терен – базен, објекти, необработени површини и тревна вегетација!
ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Таг:пожарисловенијатоплотниот бранцрвена фаза
Претходен напис Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка
Следен напис Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?