Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија
Агровести

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Објавено 29/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија од Град Скопје.

– Градот Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје. Градот Скопје останува посветен на навремено и ефикасно спроведување на сите мерки што придонесуваат за заштита на здравјето и подобар квалитет на живот на граѓаните – пишува во соопштението.

Оттаму нагласија дека согласно Годишната програма за спроведување на мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, се продолжува со реализација на следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци.

– Во текот на изминатиот период беа спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците, согласно утврдената динамика и стручните препораки. Дезинсекцијата против ларви беше реализирана на 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција, 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција. Дезинсекцијата против возрасни комарци беше спроведена на 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција – се додава во соопштението. 

МИА

Може да ви се допадне

Забранета водата за пиење од изворите во Елшани и Велестово поради присуство на бактерии
Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани
За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски
Зголемена фреквенција на ГП Богородица, се чека 40-ина минути
ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
Таг:авионска дезинсекцијавозрасни комарцископската територија
Претходен напис Забранета водата за пиење од изворите во Елшани и Велестово поради присуство на бактерии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?