Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.
Дел од жителите од Долно Лисиче на потегот кај Трејд, Делта МКС и Про авто маркет денеска одреден временски период ќе бидат без струја.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопштува дека прекинот ќе биде во периодот од 09 до 15 часот.
