Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Агровести

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка.

– Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 (на скалата од 1 до 5). Корисниците изразуваат високо ниво на задоволство од  статистичкиот веб-портал НБСтат, редовните статистички објави и достапноста на статистичките информации. Особено е зголемено задоволството од квалитетот на статистичките податоци, чија просечна оценка достигна 4,2. Позитивни оценки даваат и известувачите, кои високо ги оценуваат процесите за доставување статистички податоци, едноставноста на апликациите и обрасците, како и професионалната соработка со вработените во Дирекцијата за статистика. Воедно, кај двете групи испитаници, комуникацијата со вработените е издвоена како највисоко оценет сегмент, со просечна оценка 4,5, при што е забележано постојано подобрување во однос на резултатите од претходните анкети, соопшти денеска Народната банка.

Анкетата, како што информира централната банка, посочува и на можности за понатамошно унапредување на статистичките услуги, пред сè, преку обезбедување појасни методолошки објаснувања, поедноставување на статистичката терминологија, редовни обуки и работилници и натамошна дигитализација на процесите. 

Во Анкетата биле опфатени околу 800 испитаници, меѓу кои физички лица, деловни субјекти, банки и штедилници, останати финансиски институции, институции од јавната администрација, студенти, научници, медиуми, меѓународни и невладини организации.

МИА

Може да ви се допадне

Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Таг:задоволствотоНародната банкауслугите
Претходен напис Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството
Следен напис Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?