Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија
Агровести

Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија

Објавено 26/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето околу котлината во францускиот регион Нова Аквитанија и се прошири до предградијата на Бордо, уништил 42 илјади хектари земјиште, соопшти денеска префектурата на департманот Жиронда. Поради пожарите во Франција и соседна Шпанија, евакуирани се повеќе од 300 илјади луѓе.

Од средата во Франција вкупно се евакуирани 220 илјади жители.

„Од 4 часот изутринава, проценетата изгорена површина изнесува 42 илјади хектари“, соопшти префектурата на прес-конференција, додавајќи дека за сообраќај е затворена делница од 60 километри на автопатот А63 меѓу Бордо и Шпанија.

Евакуираните во текот на ноќта се сместени во засолништа во Франција и Шпанија, каде властите веќе евакуирале повеќе од 300 илјади жители во близина на Бордо и Мадрид.

Едно лице загина во пожарот кај Валенсија, во источна Шпанија, кој сега е ставен под контрола.

Локалните власти синоќа наредија дополнителни евакуации во неколку градови во близина на Бордо, во југозападна Франција, меѓу кои и Сестас, град со околу 55 илјади жители.

Според пожарникарите на департманот Жиронда, пожарот е толку интензивен што создал пирокумулонимбус – облак што настанува кога огнот „создава сопствен ветер, со вртлози, станувајќи неправилна и неконтролирана огнена маса“.

За справување со пламенот од вчера се ангажирани и 1.500 припадници на француската армија.

Шумите полесно се палат бидејќи вегетацијата и почвата со месеци се исклучително суви низ Европа, а ситуацијата дополнително ја усложнува продолжениот топлотен бран што го зафати регионот и предизвика дополнително испарување на водата.

Уште еден пожар останува многу активен во југоисточна Франција, во департманот Вар, што за пет дена уништил површина од 3.250 хектари.

И островот Корзика веќе неколку дена се бори со пожар што пожарникарите се уште не успеале да го стават под контрола. Според властите, огнот зафатил повеќе од 800 хектари во областа околу Корте.

Шумски пожари беснеат и во Шпанија.

„Денеска сме малку попесимисти отколку вчера. Временските услови, како што видовте во текот на денот, воопшто не помогнаа. Ноќта не изгледа особено охрабрувачки…нема да ни биде лесно“, предупреди синоќа шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка.

Во вечерните часови властите наредија евакуација на уште осум населени места во регионот Толедо, западно од Мадрид.

Претходно министерот соопшти дека во регионот на Мадрид биле евакуирани 60 илјади луѓе.

Два одделни шумски пожари во петокот се споиле во еден огромен пожар, во близина на уште еден пожар во соседниот регион Кастилја и Леон.

Пожарот досега уништил 25 илјади хектари земјиште западно од шпанската престолнина.

МИА

Може да ви се допадне

На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата
(ВИДЕО) Македонско органско производство за швајцарски пазар
(ВИДЕО) „ДАРИОН“: Од росоманските ниви до швајцарските трпези
Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето
(ВИДЕО)„БАЛЕСКИ ОРГАНИК“: Шест хектари под бадем – работа, иновации и едукација до финален производ за швајцарски пазар
Таг:големите пожариевакуацииФранцијаШпанија
Претходен напис На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?