Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пилешко во сос од печурки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пилешко во сос од печурки
Магазин

Пилешко во сос од печурки

Објавено 22/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Идеален рецепт за брза подготовка, пилешкото изгледа обично, но во комбинација со сос од печурки е сочно и многу вкусно.

        Состојки:

  • 4 пилешки шницли
  • 500 грама печурки
  • 1 главица кромид
  • 1/2 пакување путер
  • 1 пакување павлака за готвење
  • 1 кафена лажичка сенф
  • прстофат сол
  • прстофат бибер
  • прстофат кари во прав
  • магдонос

Подготовка:

Исчукајте ги пилешките шницли додека не станат тенки, а потоа зачинете ги со сол, бибер и кари во прав. Оставете ги да отстојат околу 10 минути. Загрејте тава и додадете ја половината од путерот. Штом путерот се растопи и загрее, додадете го пилешкото и пржете го додека не добие златно-кафеава боја. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го од тавата и оставете го настрана.

Во истата тава во која го пржевте пилешкото, додадете го ситно исецканиот кромид. Кратко пропржете го кромидот, а потоа додадете ги исецканите печурки. Додадете малку вода, поклопете ја тавата и оставете да се динста на тивок оган околу 15 минути.

Откако ќе испари течноста од печурките, додадете ја павлаката за готвење и една кафена лажичка сенф, па зачинете по вкус. Кога печурките ќе бидат готови, вратете го претходно подготвеното пилешко во тавата. Измешајте сè заедно и јадењето е подготвено за послужување. Декорирајте со сецкан магдонос.

МИА

Може да ви се допадне

Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Таг:печуркиПилешкосос
Претходен напис Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
Следен напис ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?