Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Магазин

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк

Објавено 17/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Volkswagen во Полска започна необичен еколошки проект во кој 100 овци се грижат за одржување на вегетацијата под повеќе од 31.000 соларни панели. Иницијативата ги спојува обновливите извори на енергија, заштитата на природата и научните истражувања.

Наместо механичко косење, германскиот автомобилски производител се одлучи за природно решение. Во фабриката во Вжешња, Полска, стадо од 100 овци ја одржува тревата под контрола, овозможувајќи поеколошко и поодржливо управување со една од најголемите индустриски соларни електрани во Европа.

Проектот е реализиран во партнерство со компанијата Quanta Energy и претставува пример за таканаречена агроволтаика – модел кој ја комбинира производството на соларна енергија со сточарството. Соларната централа има инсталиран капацитет од 18,3 мегавати и обезбедува околу една четвртина од годишните потреби за електрична енергија на производствениот погон на Volkswagen.

Овците, кои припаѓаат на автохтоната полска раса Великополска, слободно пасат меѓу повеќе од 31.000 соларни панели. Освен што природно ја одржуваат вегетацијата, тие придонесуваат и за намалување на употребата на механизација, додека панелите им обезбедуваат сенка и заштита од неповолни временски услови.

Во проектот се вклучени и истражувачи од Универзитетот во Познањ, кои го следат влијанието на пасењето врз биолошката разновидност, квалитетот на почвата, микроклимата и благосостојбата на животните. Иницијативата доаѓа во период кога Volkswagen најавува значително намалување на бројот на вработени, што дополнително го привлече вниманието кон овој необичен потег.

Може да ви се допадне

Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Рижото со печурки
Таг:овцисоларни панелитрева
Претходен напис ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?