Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
АгровестиЈавни огласи и повици

Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa

Објавено 12/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0068.JPG
Сподели
Ad imageAd image

МЗШВ РАСПИША 5 ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ НАД З ХЕКТАРИ.

Интересот на земјоделците за државна земјоделска земја е секогаш голем и до неа се доаѓа преку јавен оглас и јавен повик кои ги распишува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да биде појасно, кога е Јавен ПОВИК во прашање се работи за државна земјоделска земја во атарот на селата која е слободна, не се користи или се обработува без договор и со овој повик се овозможува за истата земјоделските производители да аплицираат и да склучат договор со МЗШВ.

Кај ЈАВНИОТ ОГЛАС, МЗШВ ги објавува површините со точно утврдени катастраски парцели (КП), а кај ЈАВНИОТ ПОВИК, министерството ги повикува сите кои се заинтересирани да аплицираат за површини кои сакаат, согласно уврдените критериуми.

За таа цел најнапред треба да се види кои парцели се слободни, а тоа најдобро е да се направи во Подрачната единица на МЗШВ. Може да биде и дел од парцела и повеќе парцели, само вкупно да не е повеќе од 3 ха.

Откако ќе се провери во ПЕ дали некоја катастарска парцела е слободна, се вади имотен лист од катастар и потврда од Општината дека бараната КП е надвор од градежен реон. Потоа треба да се изготви геодетски елаборат, бизнис план и заедно со потребните документи кои се наведени во повикот, да се аплицира.

Може да ви се допадне

Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,7 милијарди денари
АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
Министерот Серафимовски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Таг:земјамзшвоглас
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
Следен напис Сончево време со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?