ЈАВЕН ПОВИК БР.01/26
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ НАД З ХЕКТАРИ
I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско
земјиште во државна сопственост за следниве региони и катастарски општини:
- Регион Битола: сите катастарски општини;
- Регион Прилеп:-сите катастарски општини.
Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна
сопственост над кое нема подигнато насад, кое не е во сосопственост со други физички и
правни лица, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се
води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето
во закуп.
II.МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА
Максималната површина за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат
да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска
парцела) е до 20 хектари.
III.НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ - Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна
- сопственост е за:
- одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и
индустриски култури) за период до 30 години.
IV.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни
лица.
Големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост за која може
да се поднесе пријава и која може да се даде под закуп на еден учесник, се утврдува врз
основа на минимално материјално-техничката опременост на понудувачот и бројот на
планирани вработени односно вработени според бизнис планот односно програмата и тоа:
-за површина до 50 хектари-најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80kw) и најмалку еден
планиран вработен во редовен работен однос;
Големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост за која може
да се даде во закуп на еден учесник во постапка по пат на јавен повик за одгледување на
земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски
култури) се утврдува врз основа на бројот на грла добиток (говеда, копитари, овци, кози,
свињи и живина) со кои располага понудувачот и тоа:
-за едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100
кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки, се доделува површина од 0,6 хектари;
-големината на површината која се може да се даде под закуп сразмерно да расте со бројот
на грла добиток во сопственост на понудувачот, но не може да изнесува повеќе од 20 хектари
на еден учесник во постапка по јавен оглас.
Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се
даде во закуп на еден учесник изнесува 3 хектари доколку понудувачот достави потврда за
располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20
свињи односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки.
IX.ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во
дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија.
Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев
агол треба да стои ознаката „не отворај” “Понуда по Јавен повик бр.01/26 над 3 ха за давање
на земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот) и во средина
“Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Ленинова бр.2 Скопје“ .
Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува
понудувачот, односно испраќачот.
За подготовка на апликации за Јавниот повик, јавете се на 070/ 267 789
Повеќе информации на следниот линк
