Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > 600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Фондови

600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…

Објавено 12/02/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
 070 267 789 и 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

За што може да се аплицира во руралниот туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
 070 267 789 и 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа спотед листата на Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД. Рурални подрачја според ИПАРД се населени места до 30.000 жители. Тоа значи дека за Мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.

Документи кои се потребни при изградба на објектот и набавка на опрема се:

  1. Барање за користење на средства (кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорно лице
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука за вршење на економската активност или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – општината,  дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист за земјиштето каде ќе се гради објектот
  12. Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од 7 години од денот на аплицирањето и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
  13. Решение за одобрен елаборат од министерство за животна средина (или поднесено Барање за издавање на решение за одобрен елаборат за заштита на животната средина за проектот)
  14. Три понуди од различни добавувачи за секоја ставка придружени со техничка спецификација
  15. Копии од лиценци за градба за секој понудувач
  16. Договор за општи трошоци
  17. Фактура за платени општи трошоци
  18. Понуда за општи трошоци
  19. Одобрение за градба, реконструкција, адаптација на објект
  20. Копии или електронска форма од основните технички цртежи и предмер пресметка од ревидирана техничка документација
  21. Деловен план

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
 070 267 789
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Анализа: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели
Одобрено обвинение за злоупотреби со ИПАРД, ќе се распределуваат преку АКМИС
(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ со директорката на АФПЗРР – Даниела Иротова – Лазарева: Ја враќаме довербата во агенцијата, постапките од ИПАРД 3 продолжуваат како и исплатите на субвенциите
Таг:600.000 евра грантестораниИПАРДрурален туризамспортски објектихотели
Претходен напис Новитет во Франција: Педикир за прасиња
Следен напис Поскапуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?