Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции имаат земјите членки на ЕУ за период 2023 – 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > 270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции имаат земјите членки на ЕУ за период 2023 – 2027 година
Субвенции

270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции имаат земјите членки на ЕУ за период 2023 – 2027 година

Последна измена: 11/04/2025 21:28
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Познато е дека Европската Унија одвојува огромен процент од буџетот за земјоделскиот сектор. Со тоа ја покажува важноста на земјоделското производство, руралниот развој и воопшто производството на храна. Најновата програма која стартуваше од 1 јануари 2023 година подразбира буџетска рамка за период од 2023 – 2027 година.

Станува збор за распределба на 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Според Комисијата, 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми.

Што значи кога државата е членка на Европската Унија односно земјоделското производство дел од Заедничката земјоделска политика, најдобро зборува буџетот за трите земји – Хрватска, Словенија и Шведска во висина од фантастични 9 милијарди евра. И тоа – 2,7 милијарди евра наменети за еколошки и климатски цели и 227 милиони евра за млади земјоделци.

За Заедничката земјоделска политика ќе се издвојат вкупно 270 МИЛИЈАРДИ евра за период од 2023 до 2027 година

Клучни цели на Хрватска
„Со цел да се поттикнат младите да се занимаваат со земјоделски активности, се обезбедени посебни субвенции за повеќе од 1.000 хрватски земјоделци помлади од 40 години за да им помогнат да основаат земјоделски стопанства и да ги покријат почетните инвестициски трошоци“, наведуваат тие.

Понатаму, со средства од фондовите за рурален развој ќе се поддржува отворање на 14.000 работни места во руралните средини, како и инвестициите во инфраструктурата, како што се водоводи, локални патишта и градинки. Исто така, хрватскиот план ќе го поддржи и решавањето на проблемот со земјоделските емисии, кои главно произлегуваат од управувањето со почвата и ѓубривото.

Благодарение на средствата од Заедничката земјоделска политика, поддршката за еколошкото земјоделство ќе биде наменета за 17, 14 и 12 отсто од земјоделските површини во Словенија, Шведска и Хрватска.

Стратешки планови на Словенија и Шведска

„Сите три планови имаат силна еколошка димензија“, потенцираат од ЕК. Како што наведуваат, Словенија и Шведска одвоиле речиси 60 отсто од својот буџет за рурален развој за еколошки и климатски цели.

Словенечкиот план, меѓу другото, ќе го поддржи производството на енергија од обновливи извори од земјоделството, што ќе им овозможи на земјоделците да инвестираат во биогас, биометан и геотермални бунари за свои потреби. Шведскиот план става силен акцент на биодиверзитетот и пасиштата, како и зголемувањето на знаењето за одржливото производство.

Покрај тоа, земјоделците ќе бидат поддржани да воведат иновации, од прецизно земјоделство до агроеколошки методи на производство. Со поддршка на конкретни мерки во овие и други области, новата ЗЗП може да биде основа на безбедноста на снабдувањето со храна и земјоделските заедници во Европската унија, заклучува ЕК.

Може да ви се допадне

Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Трипуновски: Тутунарите добија 40 милиони евра субвенции, се исплаќаат и за другите земјоделски гранки
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
АФПЗРР: Денеска исплата на субвенции во овоштарството
Со вчерашната исплата на 292.614.813,00 денари кон 4.574 млекопроизводители, субвенциите за млеко се целосно сервисирани
Таг:милијардиподдршкасубвенции
Претходен напис Се создава најголемата млечна задруга во Европа во сопственост на 12 000 сточари
Следен напис Поменливо облачно со повремен дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?