Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пламеница на компирот – симптоми и мерки за сузбивање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пламеница на компирот – симптоми и мерки за сузбивање
АгровестиРастително производство

Пламеница на компирот – симптоми и мерки за сузбивање

Објавено 09/05/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пламеницата спаѓа во редот на најраспростанета и најштетна болест на компирот. Често се јавува во големи размери, кога предизвикува најголеми штети, намалувајќи го приносот и влошувајќи го квалитетот. При поволни услови за појава и развој на пламеницата штетите се големи, често и целосни.

Губитоците зависат од временските услови, осетливоста на сортата, временската појава и интензитетот на напад на болеста како и од применетите агротехнички мерки (саден материјал, плодоред, хемиските мерки на сузбивање и др.) Температурата од 15-25 степени Целзиусови, со чести дождови и долготрајна роса, годат на развојот на оваа болест.

Првите симптоми на пламеницата се јавуваат на лисјата во време на затворање на редовите на компирот, крајот на мај и почетокот на јуни. Симптомите во почетокот се во облик на воденести дамки со темнозелена боја. Бојата на дамките преоѓа во жолта, а после тоа ткивото во дамката се суши, односно некротира. Доколку продолжат поволните услови за развој на болеста, некрозата на лисното ткиво се зголемува додека не ја зафати целата лисна маса. На свежите дамки на опачината на листот се формира беличеста навлака од репродуктивните органи на паразитот.

На стеблото се јавуваат темни дамки кои меѓу себе се спојуваат така што целото стебло ќе биде зафатено од болеста. Болеста може да се прошири и да ги зафати клубените, на кои настануваат крупни дамки, со темна боја и неправилен облик. Уште поизразени симптоми на пламеницата се јавуваат на внатрешните ткива на заразените клубени. Заразените клубени на попречен пресек имаат знаци на темна некроза на ткивото. Покрај намалување на пазарната вредност, заразените клубени брзо пропаѓаат во текот на чување во складиштето.

Прогнозата за појава на пламеницата, на база на следење на метеоролошките параметри потребни за инфекција и развој на болеста, има особено значење за ефикасна заштита. На база на мерење на температурата, релативната влажност на воздухот и врнежите, се даваат препораки за почеток на третирањето. Во услови кои го потикнуваат развојот на пламеницата треба да се третира почесто.

Во зависност од временските услови, сувиот период после третирањето од 1,5-7 часови е доволен за добра заштита (во зависност од брзината на сушењето на листот). Во јако суви услови посевот е сув за еден час после третирањето, додека во услови на слабо сушење (облачност, висока релативна влажност на воздухот без ветер) сушењето може да трае и 6-7 часови. При третирање на влажен лист, фунгицидот се испира од листот и ефектот е слаб.

Очекувањето на врнежи не е оправдување за одложување на третирање во критични ситуации. Хемиското сузбивање на пламеницата се врши со третирање на посевот со фунгициди за таа намена. Кај нас се регистрирани бројни фунгициди како што се: Bakaren oksihlorid 50, Bravo 500 SC, Antracol WP70, Quadris, Electis, Ridomil Gold MZ, Nordox 75 WP, Acrobat MZ WG, Dithane M-45 и други. Обично со заштитата на компирот од пламеница се почнува кога компирот е во фаза на затворање на редовите што секако е погрешно. Фунгицидите треба да се применат кога ќе се создадат услови за зараза, на база на прогноза за појава на болеста (умерени температури, облачност, врнежи или обилни роси).

Покрај правилниот избор на препарати и времето на третирање, многу е важно и за успех на заштитата неопходна е подготвеноста на прскалката, правилно, рамномерно нанесување на препаратите на површината на лисјата, и потребната количина на течност за да се распореди препаратот на целата површина. Само превентивното користење на фунгициди може да осигура заштита од зараза и така да се спречи развојот на болеста.

Пламеницата на компирот се сузбива превентивно. Тоа значи дека фунгицидот треба да биде присутен на листот за да не дојде до инфекција. Кога болеста ќе се појави (видливи симптоми) тогаш е задоцнето со заштита. После тоа третирањето нема ефекти. Само високите температури можат да го спречат напредувањето на болеста. Во услови на сушен период, следен со високи температури, нема услови за појава на пламеница и нема потреба за третирање.

М-р Цветан Јовановски
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Како до успешно производство на компир
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:компирпламеница
Претходен напис Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд
Следен напис Прогноза за светското производство на житни култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?