При барање на потенцијални купувачи, треба да бидете добро подготвени. Освен што треба да ги познавате вашите најсилни и најслаби страни, мора да бидете внимателни при изборот на трговски партнер кој ќе може најдобро да ја претстави вашата компанија на европскиот пазар.
Центарот за промоција на увозот од земјите во развој (CBI) за изворите на информации, базите на податоци и трговските настани нуди неколку совети за помош при пронаоѓање на потенцијални купувачи.
Барајте купувачи кои најдобро одговараат на вашиот бизнис
Постојат многу различни увозници на свежо овошје и зеленчук. Сепак, можете да направите разлика помеѓу увозниците кои се доминантни во снабдувањето на големи трговски ланци и специјализираните увозници кои се повеќе насочени кон трговијата на мало.
Снабдувачите на големите трговски ланци се помалубројни, но имаат доминантно учество во секторот, додека специјализираните увозници можат да ви понудат продажен канал за специфични производи како што се органско, национално или егзотично овошје и зеленчук.

Барајте безбедност и искуство
Барајте купувачи кои нудат најголема безбедност. Купувачите кои ги снабдуваат малите маркети се обично најсигурни, но исто така се и најсложени. Купувачите со фиксна цена обезбедуваат посигурна зделка, но потешко се наоѓаат. Ако работите со минимална загарантирана цена, побарајте купувачи со широка и докажана мрежа и преговарајте за минимална цена што барем ги покрива вашите трошоци.
Компании кои обично се занимаваат со широк асортиман и услуги за големите ланци на мало се, на пример, Wealmoor (Англија), Greenyard Fresh France (Франција) или Nature’s Pride (Холандија). Увозниците кои се поспецијализирани ги вклучуваат SpecialFruit и BUD Holland во егзотични, OTC Organics и Eosta во органски и Fairtrade во свежи производи.
Покажете ја вашата силна страна и вашите предности, но бидете и селективни
Купувачите можеби првично не сакаат да соработуваат со нови добавувачи, затоа треба да ги знаете вашите силни страни како компанија, но и да знаете добро да ги презентирате овие силни страни. Купувачите на свежо овошје и зеленчук зависат од добрите снабдувачи. Како снабдувач мора да се обидете да покажете извонредност.
Бидете селективни и пронајдете потенцијални купувачи што одговараат на вашиот тип на производ. Купувачите кои сакаат да го купат вашиот производ и кои ветуваат добри резултати, не мора да значи дека се вашиот најдобар избор. Понекогаш, тие ќе се обидат да ги намалат сопствените ризици на ваша сметка.
Совети:
-Прашајте го потенцијалниот купувач кои се крајните клиенти кои ги снабдува и колкав е нивниот волумен во изминатите години.
-Бидете внимателни со кого ќе одберете да почнете бизнис. Распрашајте се што знаат другите луѓе во вашиот сектор за одредена компанија и за нејзината репутација. Исто така, проверете дали вашиот купувач е сигурен и финансиски стабилен.
-Бидете реални и запомнете дека и увозниците зависат од развојот на пазарот. Можете да го користите нивното искуство и увидот во пазарот, но сепак тие не можат да ви ветат одреден резултат.
Извор: Centre for the Promotion of Imports from developing countries (CBI)
