Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Звонко Ристески од Мало Коњари: Имаме тутун на 2 ха, го берeме со машина што сам ја конструирав за да си ја олесниме работата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Звонко Ристески од Мало Коњари: Имаме тутун на 2 ха, го берeме со машина што сам ја конструирав за да си ја олесниме работата
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Звонко Ристески од Мало Коњари: Имаме тутун на 2 ха, го берeме со машина што сам ја конструирав за да си ја олесниме работата

Објавено 21/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Звонко Ристески и неговото семејство од прилепското село Мало Коњари произведуваат тутун на 2 хектари сопствена земја.

Производството на тутун е нивниот семеен бизнис кој го работат долги години. Порано кога децата биле мали со ангажирање на аргати, а сега целата работа ја извршуваат сами и покажуваат на дело што значи сериозен агробизнис.

– Секоја година садиме по 2 до 2,5 хектари со тутун. Работиме сами, добро сме организирани, јас, сопругата и децата, а од годинава ни помага и зетот. Имаме склучено договор со Тутунски комбинат Прилеп и досега сме задоволни од родот и квалитетот на тутунот годинава. Се надеваме и на добра цена – вели за Агротим, Ристески.

Она што остава впечаток е начинот на кој ја вршат бербата. Специјално изработена приклучна машина за берба на тутунот за која Ристески вели дека сам ја конструирал и изработил.

-Оваа машина ја составив сам пред 6 години и исто толку време работиме со неа. Сакавме да си ја олесниме бербата затоа што берењето на тутунот ни е најтешко и морав да смислам нешто вакво. Сега не мора да стануваме рано в зори затоа што со оваа машина може да се бере цел ден, заштитени сме од сонцето. Тутунот навистина наутро е најсвеж но ние практикуваме навечер, после 19 часот и покасно затоа што имам осветлување на цела машина – изјави Ристески.

За годинава очекуваат 4 тона тутун и се надеваат на добра цена која заедно со субвенциите ќе им овозможи да го продолжат или зголемат производството.

-Ако биде цената добра и субвенциите навреме исплатени, како сите години досега, планирам да го проширам производството на поголема површина. Мислам дека тоа се однесува и на вкупната состојба со тутунопроизводството кај нас, ако цената добра ќе има интерес од страна на земјоделците да садиме поголеми површини – вели Ристески.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Турција со историски рекорд во земјоделството
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Таг:бербапроизводствосадењесубвенциитутунцена
Претходен напис Високите температури ризик за земјоделството, максимално да се активират системите за наводнување
Следен напис 60% ГРАНТ од ИПАРД за пчеларство: Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?