Се појави нова сорта на домати, со специфичен вкус кој потсетува на тропските плодови, во лушпата личи на грозје и кога е во фаза на созревање добива златна нијанса, што значи дека тогаш е вистински момент за берење на плодовите.
Првата асоцијација на зелен домат е дека тој е незрел и кисел. Меѓутоа, создаден е вкусен и продуктивен шери домат со зелена лушпа.
Новата сорта, наречена „Јадед“ , ја разви Филип Грифит, вонреден професор по хортикултура во Cornell Agritech во САД. Зелените шери домати се продаваат преку локалната компанија за органско семе Fruition Seeds.
– „Предзивк беше да се работи на создавање на домат со зелена лушпа. Пред се поради навиките на потрошувачите да јадат домат со црвена боја и се она што не е силно обоено да го сметаат за незрело“, изјавил Грифит.
Грифит започнал создавање на оваа сорта во 2005 година. Во тоа време повеќето прогарми за оплеменување на зеленчукот биле насочени кон развивање на сорти со отпорност на болести и поголеми приноси. Во меѓувреме, потрошувачите почнале на пазарот да бараат сорти со различни бои и нови ароми.
– „Во продавниците или на пазарите, шарените паковања со домати се насочени кон жолта, портокалова и црвена боја, некои сорти со линии, а има и виолетови“, изјавил Грифит. „Кога ќе почнете да додавате плодови со зелена боја, тоа навистина ги надополнува останатите бои“,вели тој.
Сепак, навиките на потрошувачите не е лесно да се променат па сигурно ќе биде потребно доста време да се навикнат на домат со зелена лушпа.
Извор: Аgrosavjet.com