Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗПВ Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија: Ја прошируваме билатералната и трговската соработка со Руската Федерација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗПВ Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија: Ја прошируваме билатералната и трговската соработка со Руската Федерација
Агровести

ЗПВ Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија: Ја прошируваме билатералната и трговската соработка со Руската Федерација

Објавено 03/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси,Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Во состав на делегацијата од Северна Македонија учествува и извршениот директор на македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев. Во рамки на  Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, вицепремиерот Николовски, како одржа работни средби со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-екононска и научно техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, Алексеј Груздев и со заменикот-министер за земјоделство на Руската Федерација, Сергеј Левин.

Вицепремиерот Николовски, како ко-претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка на средбата со ко-претседателот од руска страна Груздев, разговараа за зголемување на соработката во областа на туризмот и унапредување на трговската размена. Воедно, на состанокот Николовски и Груздев ја отворија и темата за зголемување на инвестициите во различни сектори меѓу кои како најзначајни беа потенцирани инвестициите во обвновливи извори на енергија, управување со отпад и пречистителни станици и инвестиции во производствени капацитети.

Руската Федерација е важен трговски партнер на Северна Македонија во делот на извозот на македонски земјоделски производи.

На средбата со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација Сергеј Левин, се дискутираше за можностите за зацврстување и проширување на билатералната соработка во земјоделството и зголемување на трговската размена помеѓу Северна Македонија и Русија. Вицепремиерот Николовски и рускиот заменик-министер за земјоделство Левин, ја потврдија досегашната соработката помеѓу двете држави, и ја потенцираа потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум помеѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николовски ќе присуствува на панел дискусијата во рамки на  Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, на тема „Односите на Руската Федерација и ЕУ – одговор на предизвиците од денешницата“.

Економскиот форум во Санкт Петербург е уникатен настан во светот на бизнисот и економијата, и се одржува од 1997 година. Од 2006 година се одржува под покровителство на претседателот на Руската Федерација. Во текот на последните 24 години, Форумот е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Деловната програма на годинешниот Меѓународен економски форум, ќе се фокусира на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:вицепремиерминситерРусијатрговски партнер
Претходен напис Бочварски: Потпишан договорот за изградба на брана „Отиња“ во Штип
Следен напис Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?