Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?
Магазин

Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?

Објавено 04/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат… Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна?

За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

Порано одење в кревет

Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

Зелен чај

Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон – моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

Јадење „шарена“ храна

Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

Пробиотици

Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

Недопирање на лицето

Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата. Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип – плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.

МИА

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:луѓенекои луѓеникогашразболуваат
Претходен напис Препораки за заштита на виновата лоза
Следен напис Халили: ФИТР секогаш во поддршка на младите и идни претприемачи во реализација на нивните идеи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?