Работата од дома, која стана масовна појава насекаде во светот, би можела да го намали германскиот БДП оваа година за 15 милијарди евра.
Имено, намалената потрошувачка на вработените кои претходно работеле во канцелариите лошо влијае на гастрономијата, трговијата, како и на превозниците, се наведува во студијата на ревизорско-консултантската куќа PwC. Во овој момент околу 30% од граѓаните работат од дома. Соодветно на тоа трошат помалку за превоз до работните места, за ручек, за забава.
Директно погодените сектори губат 5,7 милијарди евра обрт. Покрај тоа, индиректниот ефект, како што е помалата потрошувачка на струја, водат кон намалување на БДП од 4,1 милијарди евра. Намалената куповна моќ на вработените во погодените економски сектори дополнително влијае на падот на БДП на домашниот производ за 5,1 милијарда евра, пренесува српски Телеграф.
Врз основа на тие проценки, PwC заклучува дека германсккиот БДП во 2021 година ќе опадне за 14,9 милијарди евра или за 0,3 проценти.
Марсел Фралер, претседател на германскиот институт за економско истражување укажува дека економското опоравување по врвот на корона кризата нема да има долг век.
После провремениот „бум“, германската економија веќе во 2022 година би можела да се најде во „длабока дупка“, рекол тој. Исто така вели дека е неопходна и „итна промена на курсот на политиката“. Фралер го критикува фактот дека економската политика е силно фокусирана на краткотрајната стабилизација во текот на кризата.
