Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто е заглавена исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зошто е заглавена исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите?
АгровестиСубвенции

Зошто е заглавена исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите?

Објавено 13/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во неколку наврати во јавноста имаше информација дека исплатата на субвенциите за произведен и предаден тутун во откупни претпријатија не се извршува бидејќи се чека изгласување на предлог – измени на законот за земјоделство и рурален развој со кои се предвидува одложена примена на законските одредби за проверка на земјоделските стопанства за доспеани, а неплатени обврски спрема Управата за јавни приходи.

За што точно станува збор?

Во 2015 година се донесоа законски измени со кои вметна и нов услов, а тоа е дека земјоделските стопанства не треба да имаат неплатени обврски по основ на неплатени даноци и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи. Ваквиот дополнителен услов предизвика проблеми во имплементацијата на програмите уште во тековната 2015 година, поради што се одложи примената на истиот за една година.

Оваа пракса на одложување на примената на оваа одредба се повторува секоја година (2015 – 2021) се со цел да не постојат пречки за исплата на субвенциите за земјоделците, пред се за тутунарите. Според нашите информации и во 2022 година до собранието е предложено да се одложи примената на одредбата во делот неплатени обврски спрема УЈП. Засега, овие измени се на разгледување при собраниската комисија за земјоделство и се чека закажување на второто читање.

Од платежната агенција потврдуваат дека податоците за предадениот тутун во откупни претпријатија се обработени и средствата за исплата на субвенциите се обезбедени. Калкулациите се дека со исплатата ќе бидат опфатени над 17.000 тутунари, а на нивните сметки би се слеале 1.3 милијарди денари по основ субвенција за произведен и предаден тутун.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвплатежнасубвенциитутун
Претходен напис Што е ПРЕЦИЗНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО и зошто да се инвестира во него?
Следен напис  Се грижиме за секој земјоделец, вода во каналите има, лозарите нека не потпаѓаат на политички мотивирани протести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?