Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто е толку тешко да се произведе органско месо?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Зошто е толку тешко да се произведе органско месо?
АгровестСточарско производство

Зошто е толку тешко да се произведе органско месо?

Објавено 21/06/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Побарувачката за сертифицирани органски производи во Северна Америка е многу поголема од домашната понуда особено кога станува збор за месо и млечни производи. Органската храна сочинува скоро 5% од продажбата на храна во САД, додека површината на органски фарми сочинува само 0,6% од вкупната површина на земјоделско земјиште во САД.

Според ова може да се заклучи дека повеќето од органски произведеното месо се увезува од други земји. Зеленчук незагаден од пестициди, одгледуван локално, лесно се наоѓа на полиците, но, во одделот за месо, еколошката ознака не се наоѓа често. Сепак, многу е полесно да се најде месо со ознака „произведено без употреба на хормони и антибиотици“, што сепак не налага строго органско одгледување.

Проблемот е да се најдат локално одгледувани еко-житарки

Кога ќе прашате некој органски сточар, неговиот најголем проблем број е секогаш ист – да се пронајде сигурен извор на органска сточна храна која обично треба да се транспортира од далеку, што го прави органското сточарство значително поскапо, но исто така ја подигнува границата на загадувањето.

Значи, астрономската цена што ја гледате на органски произведеното пилешко и не е ни толку чудна. Тоа е само одраз на високите трошоци што ги сносат фармерите за увоз на органски житни култури за нивните животни.

Големите светски конгломерати, кои поседуваат најголем дел од органските брендови во трговските ланци, исто така укажуваат на овој проблем нудејќи им на земјоделците финансиски стимулации за зголемување на локалното производство на состојките што им се потребни, па дури и да ги искористат парите за да купат големи конвенционални фарми и да ги претворат во органски.

Изградиле сопствена мелница за преработка на органски житни култури

Во САД има помали регионални производители кои имаат поинаков пристап кон овој проблем. Тие тврдат дека поголем проблем од одгледувањето органски житни култури е недостатокот на сертифицирани еко-мелници што би ги преработиле, а тоа е проблемот со инфраструктурата. Мелниците мора да бидат сертифицирани и одобрени од Министерството за земјоделство на САД. Конвенционалните мелници честопати одбиваат да мелат органски житни култури за да не ги контаминираат.

Така трошоците за донесување на крајниот производ само се зголемуваат. Некои отвориле свои мелници па денес ги има околу десет во САД, а првата била отворена во Тексас. На фармата Coyote Creek, производителот Камерон Молберг прво почнал да ги продава своите производи на мали локални пазари, но неговата понуда со текот на времето растела следејќи ја побарувачката. Денес, тие се регионални производители на цела храна.

Да се намалат трошоците на производството – па дури и цените на производите

„Кога ја отворивме мелницата, производството на органски јајца, на млечни производи и на кокошки експлодираше во Тексас. Тоа значи дека недостатокот на капацитет за преработка бил главната пречка за ширење на еко-производството“, вели Молберг.

Тие наскоро планираат да отворат мелница во државата Џорџија.

„Знаеме дека голем дел од органското производство на житарки се одвива во областа околу предвидената мелницата. На овој начин, ќе ги ограничиме трошоците за превоз за нив и ќе им понудиме поблиско место каде што ќе можат да ги обработуваат своите суровини, но исто така ќе го намалиме притисокот врз животната средина“, вели сопственикот на фармата, за предностите на отворање на уште една мелница.
Некои така целосно ќе се префрлат на органско производство. На овој начин, вели Молберг, покрај намалувањето на трошоците, производителите ќе можат да ја намалат и цената на нивните органски производи. Тие ќе станат достапни за секого, не само за богатите граѓани. За ова да биде можно, целиот циклус на производство мора да се одвива локално.

Економски ризици на производство

Уште еден скриен економски ризик за органските сточари произлегува од правилата на американското законодавство кои ги принудуваат сточарите да обезбедуваат ексклузивна сточна храна за своите животни во секој момент. Ова правило е осмислено да ги издвои фармерите кои мешаат еко-произведена храна со конвенционална и така ги намалуваат своите трошоци заобиколувајќи го законот.

Ненамерната последица од ова правило е дека фармерите понекогаш се принудени да користат конвенционална храна затоа што другата едноставно не е достапна. Ако стадото остане без органска храна, земјоделецот ја губи цената, што значи дека оди во минус. Колку е поблиску до изворот на храна, толку е помала веројатноста дека ќе банкротира. Така преминот кон органски методи на одгледување е поприфатлив и побезбеден.

Помалите производители исто така ќе имаат корист

Значи, што сѐ е потребно за да се изгради мелница? Рака, нога, три години и 2,1 милиони долари, вели Молберг. Од оваа мелница и „хоби-производителите“ исто така ќе имаат корист. Производството на органска храна ќе биде достапно во многу продавници, и тоа за кокошки, патки, зајаци, мисирки, крави, свињи, кози и овци, па дури и за риби.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Таг:Еко производствоорганско месо
Претходен напис ДУМА: Велешанецот Давид Николов, по втор пат државен првак во спортски риболов
Следен напис Попладне невреме со пороен дожд и грмежи, од утре топол бран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?